Пратеникот Антонио Милошоски денеска објави дека како претседател на Комисијата за надворешна политика, упатил писма до колегите Пиа Дикстра (Холандија) и Михаел Јенсен (Данска), со кои ургирал за поддршка на нивните парламенти при донесувањето на одлуката за датум за преговори со Европската унија, како што вели, одлука која Македонија ја заслужи уште во 2009-та, а ја заслужува и денес!

Според Милошоски, позитивната одлука на Советот на ЕУ во октомври е единствен логичен исход после 10 позитивни препораки од Европската комисија.

Свесен сум за честите забелешки што некои членки на ЕУ ги упатуваат на сметка на крупните корупциски афери и селективното владеење на правото, но токму овие предизвици треба да се гледаат како дополнителен мотив Македонија што поскоро да ги почне преговорите за поглавјата 23 и 24, бидејќи без почеток на преговорите овие проблеми ќе стануваат поголеми, а граѓаните и стопанството ќе ги трпат негативните последици. Македонските граѓани заслужуваат позитивна одлука од Брисел. Ќе биде многу значајно доколку првата меѓувладина конференција меѓу ЕК и македонската Влада, што се смета и за официјален старт на преговорите, се случи до крајот на 2019 година. Секое понатамошно одлагање на меѓувладината конференција би било дополнителна девалвација на процесот на евроинтеграции, вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.