Владата на 171. седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на македонската Армија.

Владата исто така го задолжи Министерството за одбрана да достави информација до Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието за потребата од склучување на ваков договор со САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.