Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за борбата против пандемијата на коронавирусот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии, согласно можностите, да издвои пари од Буџетот на Република Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата Ковид-19.

Исто така, денеска е донесена одлука за испраќање на војници од АРМ на Косово, во формација на вод, во составот на КФОР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.