Тоа што го симболизира овој состанок е дека Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ, изјави еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји на прес-конференцијата по завршувањето на XVI Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.

Тој потенцира дека процесот на скрининг што го започна Македонија е важен дел.

-Тука правиме целосна анализа на правниот систем на земјата-кандидат и врз основа на тоа можеме да преговараме за деталите за условите за влез. Важно е сега државата да не забави, туку да ја забрза својата работа за спроведување на реформите, кои се од интерес за нејзините граѓаните. Потребно ни е национално единство за членството да оди напред, рече Вархеји на заедничката прес-конференција во Владата со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел и премиерот Димитар Ковачевски.

Еврокомесарот додаде дека македонската Влада и Собранието треба да ја забрзаат работата на реформите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.