Споредувајќи ја состојбата во Македонија и во Хрватска, која има дупло повеќе жители, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека додека таму се прават масовни тестирања, кај нас нема ни кревети за болните од коронавирус.

Хрватска денеска започна масовно тестирање со брзи тестови со резултати по само 15-тина минути. Состојбата е алармантна, со по 3000 нови заразени дневно; вкупно починати до сега нешто над 1350.
Загреб денеска има 12 нови пукта за брзо тестирање.
Хрватска има околу 4,3 милиони граѓани. Хрватска е во ЕУ.
Македонија има над 2 милиони граѓани. Секојдневен просек од 1200 заразени и вкупно над 1500 корона- жртви.
Состојбата е алармантна, но Македонија нема брзи тестови воопшто, нема болнички кревети, нема ниту болници, нити доктори.
Македонија има отворени локали, затоа што Македонија има Влада која мисли како да му ја легализира марихуаната на премиерот Зоран Заев. Македонија по три години лаги од Заев дека “Има датум”, има блокада за ЕУ!
*Споредба на официјалните податоци на Хрватска и Македонија покажуваат дека во Хрватска владаа не размислува на маркетиншка бројка за излекувани за фиктивно да се подели и намали вкупниот број на заразени до сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.