Во изминатото деноноќие во Македонија почина 40 луѓе како последица од КОВИД-19. Ова е и рекорден број на починати од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19. Вкупниот број на починати од КОВИД-19 во Македонија од почетокот на пандемијата е 1 345 луѓе.

Македонија за жал е на врвот по смртност како последица од КОВИД-19 на милион жители во споредба со сите земји во регионот.

Македонија има 646 смртни случаи на милион жители. Македонија има 6 пати повеќе мртви на милион жители од КОВИД-19 во споредба со Грција. За спредеба со нашиот сосед Грција има 112 смртни случаи на милион жители како последица од КОВИД- 19.

Во Македонија вкупниот број на починати од КОВИД 19 е 1345 луѓе. Во Грција вкупниот број на починати од КОВИД-19 е 1165. Македонија со популација од 2 милиони жители има повеќе смртни случаи од КОВИД- 19 во споредба со Грција која има популација од 10 милиони жители.

Светскиот просек на смртност од КОВИД-19 на милион жители е 171. Грција е далеку под светскиот просек на починати на милион жители како последица на КОВИД-19, таму бројката е 112 смртни случаи на милион жители. Светскиот просек на смртност од КОВИД-19 на милион жители е 171.

 

Грција има повеќе тестирања на милион жители во споредба со Македонија. Во Македонија направени се 141 058 тестирања на милион жители. Во Грција направени се 202261 тестирања на милион жители.

Во Грција од почетокот на пандемијата се практукуваат рестриктивни мерки со цел намалување на бројот на заразени. Земјата досега пријави помалку заразени отколку повеќето други земји во Европа, главно поради рано воведениот карантин во целата земја кога се појави пандемијата во февруари.

Но, од почетокот на октомври во Грција дојде до наплив на заразени и сега повторно се воспоставуваат мерки. Премиерот Киријакос Мицотакис нареди тринеделен национален карантин за да се спречи повторното зголемување на случаите со КОВИД-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.