Одлуката на Владата предводена од СДСМ да воведе санкции против Турција е погрешнан напиша на Фејсбук пратеникот од редовоте на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски, тој посочи три примери поради кои смета дека владата со оваа одлука направила голема грешка.

1.Пријателствата меѓу државите се долгорочен влог, а Турција 30 год дава безрезервна поддршка на Македонија, и во време на блокади и санкции со кои се подриваше стабилноста на државата

2.Македонија и Турција потпишаа Стратешко партнерство 2008г, а дипломатијата значи континуитет и почитување на договорите, особено сега кога двете земји се и НАТО сојузници

3.Значителен број на иселеници од Македонија живеат во Турција, како што е битна и турската заедница во Македонија, и тоа се луѓе кои заслужуваат повеќе почит и нивно искористување како потенцијал за економска соработка во корист двете држави, стои во статусот на Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.