СДСМ и Зоран Заев го промовираат и штитат криминалот и корупцијата, велат од ВМРО-ДОМНЕ, додавајќи дека милионските тендери, зделките и криминалните рекети ја донесоа државата на дното на Европа.

Според индексот на корупција на исто место сме со Монголија и со Брегот на Слоновата Коска. Со пад од 13 места на листата на Транспаренси се потврди дека корупцијата блеска во Македонија. Македонија е земја каде правдата е тоа што ќе рече Заев, како и во секој хибриден режим. Деструктивните политики коишто ги направи Заев на грбот на народот не не однесоа напред. сидрото на лажните ветувања не однесе на дното на неправдата и недемократијата. Жицата на којашто Заев се колнеше блескаво пукна, како што распука судството од невидени криминални афери, поткупи, уцени и нарачани обвиненија за неистомислениците на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека СДСМ во мандатот успеаја да остават 500.000 луѓе во Македонија да живеат под прагот на сиромаштија, понижени земјоделци, студентски стандард под нормалата, обезличување на македонскиот народ.

Заев наместо да спроведува реформи е промотор на најголемата партизација во Македонија. нема институција што не ја зафати политизацијата, а се вработуваа цели семејства на функционерите на СДСМ. СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.