Кандидатот за претседател на Република Македонија, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните од Могила, каде зборуваше за пресудите за осудените за настаните од 27. април.

Македонија денес е среќна што Игор Дурловски конечно ја доби слободата и мирот кои што му беа одземени пред речиси 2 години. Но, тажен ден, зошто со 211 години дури затвор за 15-мината осудени Македонија наликува на земја што има сериозни проблеми со тероризам. Не се согласувам се разбира со овој впечаток што го делат моите колеги кога прашуваат за драконските казни. Она што најмногу ме загрижува е фактот дека ние правниците или некои од нас честопати велиме дека нема поголема неправда од задоцнетата правда, рече Силјановска.

Таа додаде дека како правник се надева и верува дека повисоките судски инстанци, а, како што нагласи, можеби и Стразбуршкиот суд ќе се водат навистина од правото и правдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.