Има разлика од оставка до оставка, овдека е прашањето дали ова морало да се случи со интеврнеција или неинтервенција, со квалитетна работа или со неквалитетна работа. Едно е да ви се сруши авион, или да ви пропадне бродот, или да ви се случи поплава, друго е болница која што е создадена за да лечи луѓе сама од себе да убие 14 луѓе, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во централниот дневник на Сител телевизија.

Димовски додаде дека се гледа како функционира судството во Македонија со СДСМ на власт. Судството за едни е мајка, за други е маќеа. Очигледно е дека власта има медиумски, политички и судски влијанија за завлекување во одреден правец во целата истрага.

– Прашањето е дали граѓаните на Република Македонија, дали Вие, дали јас веруваме дека истрагата предводена од институции и раководени од оваа политичка власт од Зоран Заев, потпретседателот на Владата, Венко Филипче дали тоа ќе даде тоа добра истрага. Истрагата во Република Македонија кој ја води? Па се знае, ја води госпоѓата Вилма Русковска и Јавното обвинителство. Поставете прашање на анкета колку од граѓаните веруваат во функционирањето на ЈО и судството во Македонија ќе добиете бројки над 80% кои не веруваат. Нема да имаме независна истрага со случајот во Тетово – рече Димовски.

Димовски посочи дека за ваков немил случај кој што беше во Тетово, и за други страшни хаварии секој треба да сноси одговорност од носителите на функциите, а не да бега.

– Па, ве молам последниот месец дена Македонија е прва по смртност од корона во цела Европа. Значи во цела Европа е прва по смртност. Па тоа е доволна причина да си поднесе оставка господинот Филипче. Тоа е доволна причина – додаде Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.