Нашата земја е членка на НАТО и на Европската унија. Ова во својот говор за време на 25. Конгрес на СДСМ го истакна вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, воедно и генерален секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Ова лажно тврдење на Николовски доаѓа само десетина дена откако со слична изјава излезе и премиерот Зоран Заев, кој на 14 октомври рече дека „веќе сме членка на Европската унија“.

Досега ниту СДСМ ниту владата не ги демантираа тврдењата на Заев и Николовски со што оставаат простор да се верува дека не се работи за гафови туку за смислена кампања која се однесува на помалку информираните граѓани кои не се добро информирани за македонските евроатлански интеграции, пишува „Експрес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.