Загадувањето во главниот град и натаму е сериозен проблем за граѓаните. Огромни количини на отпад секоја година се собираат во Македонија. Нашата земја нема капацитет да се справи со сопствените количества отпад, па уште и увезува отпад од земјите од ЕУ, поради што остава сомнежи за корумпираните врски и можни импликации за интересите на мафијата. Каков отпад се увезува во земјава, колку е ефикасна контролата на тоа што влегува, кој ја има најголемата одговорност..досега знаеме само дека „не е штетно тоа што не труе“. Односно РДФ „не е опасен“, ама затоа е забранет во Србија. Граѓанските иницијативи реагираат и бараат да се делува и да се стави крај на оваа веќе алармантна ситуација во главниот град.

Одговор од заменик министерот Јани Макрадули за проблемите кои ги засегаат граѓаните кои го дишат „отровот“ од увезениот отпад побара и „Република“. Инсистиравме на одговори на прашањата:

Како е монтиран увоз на отпад нафтен кокс и јаглен во периодот кога Макрадули беше министер?

Како е регулиран истиот?

Кога последен пат е измерена концентрација на сулфур во увезениот нафтен кокс и јаглен и кои параметри се добиени?

Како се мерат штените емисии на гасови од согорувањето на илјадници тони отпад во центарот на Скопје? За ова има и јавно признание од цементарница Усје.

Колкави количини нафтен кокс  и отпад се увезуваат во Македонија месечно?

Кои индустриски капацитети ги користат  како гориво во нивните процеси?

За жал одговор за јавноста нема, Макрадули ја префрли топката во министерството за економија.

Во однос на поставените прашања, сакам да информирам дека петро-коксот е енергенс, и е во надлежност на министерството за економија, е одговорот на Заменик-министерот за животна средина.

И додека се уште не е познато дали се почитуваат законите и стандардите во согласност со европските регулативи. Како се мерат штените емисии на гасови од согорувањето на илјадници тони отпад? Како се спроведува увозот на отпадот од други земји во Македонија и дали ќе се случи негова целосна забрана, односно дали ќе се изгласа законот за забрана на увоз на опасен отпад пред распуштање на парламентарен состав, штениот отпад се внесува во државата, се гори, а ние и нашите деца го дишеме.

Реагираа и од опозицијата.

Нашата држава нема лаборатории и механизми за соодветно и неопходно испитување на отпадот кој што влегува во границите на државата за согорување. Токму затоа, е потребен мораторитум на увозот на отпад се додека државата не оспособи лаборатории коишто ќе ги испитуваат потенцијалните отрови кои ги содржи отпадот кој се увезува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетување, иако нашите надлежни институции неодамна тврдеа дека15 тони опасен отпад од ОХИС одат во западно европска земја и не е во ред ние да не прифаќаме увоз на отпад, Бугарија месецов врати  дваесет и осум контејнери со италијански отпад од вкупно 127 кои досега пристигнаа на пристаништето во Варна.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.