Кривична пријава ќе биде поднесена против членовите на Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство, ќе биде поднесена денеска од страна на движењето „Македонија-Блокира“. Кривичната пријава доаѓа откако нивниот кандидат за претседател, Филип Петровски, не успеа да го собере потребниот број потписи за претседателска кандидатура.

Од движењето тврдат дека со сторени повеќе кривични дела ДИК свесно ја спречила кандидатурата на Петровски за претседател на Република Македонија.

Кандидатот на „Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски имаше многу повеќе од потребните 10.000 потписи, но, Државната изборна комисија по секоја цена го спречи да се најде на избирачкото ливче на 21 април како кандидат за претседател на Република Македонија, тврди движењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.