Аналитичарот Иван Бродиќ со свое видување за невиденото насилство над еден политички народ. Анализата на Бродиќ објавена во печатеното издание на „Слободна Далмација“ на 27 јануари, ја пренесуваме во целост.

Со 153 гласа „ЗА“ и 146 „ПРОТИВ“ грчкиот парламент го усвои историскиот договоро со Македонија за новото име на поранешната југословенска република, со што завршува тридеценискиот спор кој го блокираше Скопје на патот кон НАТО и ЕУ. Зелено светло за државата со новото име – Република Северна Македонија сесрдно дадоа челниците на ЕУ.

Највисоките претставници на Европската комисија им честитаа на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на неговиот македонски колега Зоран Заев, зашто требало „политичка храборост, водство и одговорност за да се реши еден од натврдокорните спорови во регионот“. Воодушевувањето, меѓутоа, не го дели и опозицијата во двете земји, па организра бројни протести.

За тоа што значи грчакта потврда на Преспанскиот договор за Македонија, новнарот Лола Рајт од „Слободна Далмација“ разгова со добриот познавач на приликите во нашата земја Иван Бродиќ, главен уредник и сосопственик на порталот Енерџипрес (Energy press).

Префрлена топка

Како што гледаме, грчкиот парламент го ратификува договорот, што и се очекуваше, со оглед на големиот ангажман на западната дипломатија околу овој проект. Следни чекори се размена на документите за ратификацијата меѓу двете земји, по што Македонија ќе го извести светот дека повеќе не постои под досегашното име. Потребно е да се изрази жалење поради тоа што оваа одлука не остава последици таму каде што е настаната, во Грција, која пред 27 години почна да ја блокира Македонија на европскиот пат, иако таа земја беше првата која беше подготвена за членство во ЕУ од балканските земји.

Многумина велат дека блокадата е со цел западните сојузници и Грција да го спречат признавањето на егзодусот и единствениот непризнаен геноцид во Европа, оној од 1949 година над Македонците во Егејска Македонија. Не знам дали е така, но тоа би можело да објасни зошто топката на вината за блокада се префрли на страната на Македонија и е извршено досега невидено насилство во историјата на Европа над еден политички народ. За потсетување, на минатогодиниот референдум големо мнозинство Македонци ја одбија промената на своето име со неостварување на потребниот цензус за успешност на референдумот. Насилниците им наметнаа решение. Но, ниту тоа не е најлошо, актуелната македонска влада потпиша у ратификува уште два договори.

Бродиќ објаснува за кои договори станува збор.

Едниот е за двојазчност на територијата на целата земја, дури и таму каде што нема Албанци, па не би било потребно, а другиот, Софиски, според кој Македонија се откажува од македонската историја сѐ до 1945 година во корист на бугарската историја. Познато е извинувањето на Зоран Заев, кој се извинуваше што го нарекол Илинденското востание македонско.

Колкав противприроден блуд е Софискиот договор кажува и фактот дека бугарската писменост и црквеност, па и добар дел од историјата, е настаната во Охрид, во рамките на Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа, универзитет со 3000 студенти кој постоел стотина години пред Соробна. Ист е случајот и со Српската православна црква, но тоа не е тема.

 

Бугарско право

Бугарија доби право да ја надгледува училишната програма во Македонија заради спроведувањето на Софискиот договор. Токму како и Грција. Зашто во Преспанскиот договор најлошото не е промената на името, туку укинувањето на македонското државјанство. Имено, државјанството ќе се пишува во генитив (припадници на, заб. прев.), од учебниците ќе се исфрлат од употреба македонските топоними за Пиринска и Егејска Македонија, што е исто како некој да им забрани на Хрватите Беч да го викаат Беч.

 

Да не должиме, поради прикривање на еден геноцид или на нешто друго, направена е причинско-последична инверзија и направено е насилство над еден политички народ. За тоа е искористена левицата, по сопствено признание анационална, која во овој случај дојде на власт преку судир и конфликт (т.н. Шарена револуција, позната по тоа што на протестите уништуваше туѓ имот со шарени бои), а на тој истиот судир и се одржува на власт.

 

Интересно е како им е лесно на некои на запад да туркаат еден народ во таков конфликт, да се играат со туѓи животи, зашто верувал некој или не, на тивкото мнозинство Македонци им е важен нивниот национален идентитет, она по што се дефинираат. На крајот на краиштата, во историјата, тоа секогаш била црвената линија која ниту една нација, која одлучила да опстане, не ја преминала. Оттука произлегуваат прашања кои не е време да се постават гласно, но тоа време е прилично видливо.

Како реагира македонската опозиција?

Македонската опозиција смета дека ќе биде возможно со враќањето на власт и / или со влезот во европските интеграции политички или преку судски пат, да ги поништи спорните делови на Преспанскиот договор, т.е. уставните промени наметнати со насилство, уцени и политички пазар. Со оглед на количеството насилство, не сум оптимист, но им ја посакувам сета среќа.

Иаку, главната струја на македонската опозиција, зрело и паметно подготвува циклус нови избори, од кои првите се претседателски, зашто актулната власт не е само споменатите три договори. Таа е олицетворение и на пад на индустриското производство, протерување и апсење странски инвеститори, задолжување за една година повеќе отколку во десет претходно запирање на инфраструктурните работи.

Побрзо во НАТО

Кога се очекува покана од НАТО и отворањето на вратата на ЕУ?

Се надеваме што е можно поскоро, зашто на Македонија веќе 20 години ѝ е местото во тие интеграции, пред 20 годони поддршката беше 80 отсто, меѓутоа, поради резигнации со блокадата, која се чувствува и денес и немоќта да им се застане на патот на апатридното и анационално насилство, таа опадна.

Со падот на поддршката дојде до институционални проблеми какви што има денес Македонија.И инаку, освен кај малцинство кое боледува од Стокхолмски синдром, Македонците се резигнирани и огорчени со ситуацијата. Бојкотот на референдумот го покажа тоа. А ако не се најде добар кандидат, се плашам од пад на цензусот и на претседателските избори.

Како се коментира во Македонија воведувањето на албанскиот како втор службен јазик?

Тоа е посебно смешно. Според Охридскиот договор двојазичност постои и од 2001 година во општините каде што живеат Албанци. Сега според Тиранската платформа двојазичност се воедува во општини каде што ни златарите не се Албанци. Не треба тоа да нè чуди, институционалното насилство над Македонците започна со конституирањето на Собранието, во актуелниот состав, кога е конституирано со присуство на 59 од потребните 61 пратеници и кога пред македонската беше интонирана албанската државна химна.

Превод и адаптација Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.