Македонскиот активист од Словенија Андреј Дочински ја натера националната телевизија на Словенија да се извини што ги нарекува македонските спортисти Северномакедонци и за користење на непостоечката кратенка СМА наместо меѓународната МКД.

Како претставник на граѓанското здружение за словенечко-македонско пријателство, Дочински упатил писмено барање за исправка до спортската редакција на РТВ Словенија, а уредникот Грегор Петернел се извинил за грешката.

Во писмото Дочиноски објаснил дека употребата на придавката „северномакедонски“ за спортистите од Македонија е навредлива за Македонците, а употребата на придавката „македонски“ и на именувањето на народот со „Македонци“ не е забранета.

Иако политичарите во Македонија, и покрај референдумското отфрлање на новото име од страна на македонскиот народ, државата незаконски ја преименуваа во Северна Македонија, на таков начин не можете да го преименувате народот, вели Дочински во протестот.

Петернел, пак, во името на својата редакција и телевизиска куќа во одговорот открива дека на ова прашање посветиле внимание многу часови во подготовката на своите новинари, „но во слободниот говор на репортерите се провлекуваат грешки“.


Извор Експрес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.