Пабло Неруда пишуваше- МОЖЕТЕ ДА ИСЕЧЕТЕ ЦВЕТ, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПРОЛЕТА НА ДОЈДЕ! НОВАТА ИДНИНА ДОАЃА
Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста.
Земете учество во создавањето на новата иднина. Оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промени, која ќе ги оствари соништата во кои сме верувале и за кои сме мечтаеле. Излезете и гласајте. Тоа е најдобар одговор и на поткупот кој го прават овие денови и на притисоците. 150 евра по глас кои ги нудат знајте дека тоа се вашите пари, украдени во туѓите џебови. Затоа и лесно ги даваат. Но зад параванот сте сами. Ниту еден од овие битанги кои шетаат низ Македонија и вршат притисок нема да се со вас зад параванот. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина. Победата е на дофат. Победата е тука. Излезноста е клучот. Тие сакате да наведнете глава, јас ви велам главата горе. Ние ја немаме полицијата на Спасовски ниту обвинителството на Русковска, но го имаме народот и со народот ќе победиме  – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Штип.

Тој понатаму додаде:

ИЗЛЕЗЕТЕ И ГЛАСАЈТЕ ЗАТОА ШТО
Доаѓа новата зора на пристојноста, на отвореноста, на коректноста и – најважно од сé – на чесноста!
Доаѓаат промени и време на отворени врати на општините за сите и за сé!
Доаѓаат промени и време на единството, на солидарноста и на фер однос!
Сите сме граѓани на Македонија и општините предводени од опозицијата подеднакво, секојдневно и посветено ќе им служат на сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност!
Доаѓа време на залечување на раните!
Доаѓа време на иднината!
Доаѓа време кога треба да повлечеме линија и да кажеме дека отвораме нова страница!
Ќе им служиме на сите подеднакво без поделби!
Ќе им служиме на сите: од првиот до последниот!
Завршува времето на поделби! На привилериганите и надмоќните! На партиските поделби и сеењето зло!
Заврши времето на ваши и наши!
Сега е време за новата иднина!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.