Мајките кои се на породилно утре ќе излезат на нов, втор по ред, протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа.

Викендов министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека Владата не ги прифатила нивните барања испорачани по првиот протест во четвртокот. Од друга страна мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на заразени деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.

Дополнително, според нив, периодот за адаптација на малите деца до 2-годишна возраст во досегашната пракса бил еден месец, а од донесување на владината одлука имало само една недела.

Некои мајки, како што изјавија на претходниот протест, не можеле да ги запишат децата во градинка бидејки од установите им било речено дека нема место.

Протестот е закажан за во 17.30 минути пред зградата на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.