Мајките коишто се наоѓаат на породилно отсутво да добијат продолжување на породилното до крајот на годинава, додека граѓаните со хронични заболувања треба да се вратат на работа.

Вакви се предлозите што Комисијата за заразни болести ќе ги поднесе до Владата, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму појаснуваат дека хронично болните лица коишто имаат извештај од специјалист за влошување на болеста ќе може да останата дома.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа – велат од Министераството.

Како што велат оттаму, за родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

Одлуката за хронично болните лица и родителите на деца до 10 години да останат дома беше донесена на 10 март, кога се донесе и одлука за затворање на градинки и училишта.

Градинките почнуваат со работа во среда, а училиштата на 1 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.