Јасминка Јовановска во петокот на седница на Собранието е изгласана за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, јавува „Ирл.мк“.

Според Законот за слободен пристап до информации, членовите на оваа комисија се бираат на предлог на Владата. Извори во редовите на пратениците кои одлучуваа, велат дека препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието.

Јовановска е мајка на сопственикот на „1 ТВ“, Бојан Јовановски – Боки 13.

Новинарот Сашо Орданоски, пак, вработен во истата телевизија, добил безбедносен сертификат со кој добива пристап до класифицирани информации со степен „Државна тајна”.

Според Законот класифицираната информација за „Државна тајна” ги опфаќа највисоките државни органи – од Претседател на државата, премиер, министри…

Според пишувањата на порталите, безбедносниот сертификат од највисок ранг бил доделен во експресно време, што остава сомнеж дали во случајот биле направени сите безбедносни проценки.

Вработувањето на Јовановска и сертификатот за Ордановски, со што тие добиваат непречен пристап до многу доверлици информации, доаѓаат токму во време кога телевизијата ја подготвува таканаречената емисија „Македонски Инсајдер“, во која наводно ќе бидат откривани разни афери.

Уште пред премиерата, околу емисијата веќе изби еден скандал, кога бизнисменот Зоран Азманов обвини дека од него бил побаран рекет од 50 илјади евра или стан, во замена за необјавување на најавеното досие за неговите наводни валкани бизниси во градежниот бизнис.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.