Синко, имаш ли ти дечиња? Ако имаш,тогаш знаеш како крвари душата на една мајка која го изгубила најсветото нешто-својот син. Те молам, помогни ми, однеси ме да го испратам до неговото вечно почивалиште, дозволи ми синко да го поздравам за последен пат.

Ваква е прикзната што за Алфа ТВ ја раскажува една мајка која заедно со синот се лекувала од корона вирус во охридската општа болница.  Додека таа успешно се опоравувала, нејзиниот син починал. 

Првиот човек на болницата доктор Горан Балев вели дека иако свесен за строгите протоколи и одговорноста што ја носи, и помогнал на мајката да стане од кревет, ја облекол во скафандер и ја однел за да се збогува со синот за потоа повторно да ја врати во болница.

Тој раскажува дека се поголеме бројот на млади пациенти кои со тешка слиничка слика се хоспитализираат во болницата. Во моментов ги има 95, од нив 40 се на кислородна поддршка, најмладиот кој што го примиле денес има само 31 година. Охридската општа болница која функционира како ковид центар, а е и иденствен регионален центар за неуропсохијстрија, е преоптоварен со пациети.

Во еден период општа болница Охрид имаше некогаш повеќе пациенти и од „8 Септември“. Точно е дека е редуциран програмот само за итни скучаи, но работат гинеколигија, ушно, урологија, хурргија на тој начи со ротации на докторите и со персонал покушаваме да се справиме со оваа пандемија. Имаме и персонал кој што е позитивен,околу 30-тина кои се позитивни некои во изолација и нормално дека имаме и тек ќе имаме. Низ оваа болница до сега поминаа огромен број на позитивни пациенти-вели д-р Горан Балев  директор на општа болница Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.