Собранието на Република Македонија на седница донело одлука за именување на член на Комисијата на заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Новиот член е дипломираната правничка од Скопје Јасминка Јовановска.

Одлуката е донесена врз основа на Член 31 Став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а влегува во сила со денот на донесувањето и ќе биде објавена во Службен весник на Р. Македонија, објавува телевизијата 1тв каде што директор е синот на Јовановска, Бојан кој е познат како Боки 13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.