Новоизбраниот член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации Јасминка Јованоска, која е сопруга на еден од сопствениците на 1ТВ и мајка на Бојан Јовановски (Боки 13) денеска се повлече од функцијата. Оставката ја достави до Архивата на Собранието со образложение дека тоа го прави од лични и семејни причини.
Ве известувам дека од лични и семејни причини одлучив да ја поднесам оставката. Најостро ги осудувам сите тенденциозни написи во кои бевме предмет на анализа јас и целото мое семејство. Јас сум легалист и сакам да послужам како пример и за останатите, во слична ситуација да ги почитуваат позитивните законски прописи, се вели во образложението на Јованоска.
Откако Јованоска беше именувана на функцијата, Агенцијата за медиуми најави дека ќе поведе постапка против 1ТВ повикувајќи се на членот 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, во кој стои дека „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не може да вршат радиодифузна дејност, ниту да бидат основачи, соосновачи или да добиваат учество во сопственоста на радиодифузерите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.