Сопругата на Спиро Ристовски, Маја Ристовска не знае каде е во моментот нејзиниот сопруг, поранешниот министер, Спиро Ристовски. Вели последните непотврдени информации кои ги добила е дека тој е во стационарот во затворот Скопје, но добила и информации дека е пренесен во Државна болница.

-Знаеме дека е нападнат заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески, додека биле на прошетка во отворениот, слободниот дле од затворот. Биле нападнати од двње лица и притоа мојот сопруг е поведен, има тешки повреди. Со уште потешки повреди се здобил Јанакиески – вели Ристовска за Алфа.

Вели дека Јанакиески се наоѓа во градската болница каде се прават невролошки испитувања. Двајцата имаат повреди на главата.

– Се плашам многу. Се плашам за неговата безбедност. Ќе се молам на институциите да се погрижат за безбедноста на сопругот. Јас не сум загрижена за мојата безбедност и безбедноста на моите деца. Ние сме сепак тука, надвор и знаеме како да се справиме со сето ова. Но по ова денешното што се случи јас сум згрижена за неговата безбедност и ги молам институциите да направат се што е во нивни рамки, да ми го вратат барем во минимум спокојот – вели сопругата Маја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.