Мафијашите кои се занимаваат со организиран криминал и корупција секогаш имаат огромен интерес токму тие да бидат ликовите кои ќе го прават изборот на обвинители и судии. Причината за тоа е многу едноставна, ако бидат откриени нивниот апашлук, од нив избраните обвинители да не покренуваат обвиненија или истите да ги равлекуваат и разводенуваат, а подоцна судиите да не ги осудуваат, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов на ФБ.

Одличен пример за ова е поранешното СЈО. Се изнапика мој до моега, почнувајќи од специјалната, која да ве потсетам со татко судија, студирала 7 години и завршила со просек 6,24, преку деца, братучеди, внуци, жени и швалерки, до партиски потрчковци и бивши затвореници како Боки Бургија. На сето тоа си делеле плати по ,,потреба”. Таков е критериумот и пристапот на мафијата, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.