Мислам дека ако не излезеше написот на Героски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата „Рекет“ и мислам дека некој сакал тоа фино да го заташка, смета Снежана Лупевска Созен, уредничка на Телма и емисијата „Код“.

Поради тоа што почна да се зборува во јавноста, заради тоа почна и да се прави истрага и да се апси Бојан Јовановски. Имам впечаток дека некој навистина сакал тоа да го сокрие, рече Лупевска во телефонското гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Таа рече дека целата истражна постапка, ако се има во предвид времето кога се направени снимките, нивното праќање во Обвинителството и тоа кога Јовановски беше уапсен, според неа, оди многу бавно.

Зошто, ако се следи каде се одлеале парите, еден милион евра од Орце Камчев и каде се одлеале и другите пари кои што уплаќале во невладината „Меѓународен Сојуз“-дали во чантите на Боки или скапата облека, или некој друг е крајниот консумент на тие пари, односно се испорачани на друго место, за што постојат разни шпекулации, тогаш навистина ќе се знае поголемата слика за случајот „Рекет“, додаде Лупевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.