Ги развиваме сите населени места и создаваме еднакви можности за сите граѓани. Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата ја имаме „Најдобрата“ програмска понуда за Врапчиште затоа што се грижиме за сите. И градовите и селата треба да се развиваат рамномерно, таму се нашите домови, а кај што ти е домот таму ти е најубаво. Им служиме на граѓаните, ги слушаме граѓаните, им нуди решенија, со поддршка на Владата инвестираме во рехабилитација на патна инфраструктура, во опремување на градинки во три населени места, во Врапчиште, Неготино и Добридол, за вкупно 180 деца, работиме посветено за подобар живот за сите”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска.

Им веруваме и вложуваме во граѓаните, веруваме во толеранција, правичност, еднакви можности, признавање на различностите. Во Врапчиште имаме понуда за сите, за младите поддршка на младинските иницијативи за отварање на сопствени бизниси, поддршка на младите земјоделци, на жените претприемачи, подобри услови за спорт и рекреација, вклучување на младите во донесувањето на одлуките во општината. Чистење на каналите за наводнување, затворање на дивите депонии, пошумување на голите површини, општината ќе се развива по мерка на граѓаните зашто Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата ја имаме најдобрата понуда, Џезми Мамути за градоначалник и советничката листа предводена од Војче Исакоски”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.