Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиската трибина во крушево изјави дека СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа очекува Томе Христовски да победи на локалните избори.

Таа потсети дека програмите за претстојните локални избори, СДСМ ги пишувале заедно со граѓаните, слушајќи ги нивните предлози, преку трибините и маалските средби.

Од друга страна, нашите политички опоненти како се уште да се во некое бунило. Извадија само еден кандидат и се спремаат за повторен пораз. Да не заборавиме дека во 2017 година ни ги оставија општините со големи долгови. На следните локални избори не смееме да дозволиме да се вратиме на расипничкото работење на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Лукаревска.

Таа додаде дека „работата е кристално јасна во Крушево“, односно дека социјалдемократите ќе победат на локалните избори, а тоа го покажувале и статистиките и споредбените анализи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.