На средбата со младите во општина Бутел, носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска, разговараше за мерките кои што им даваат шанса на младите луѓе да работат и да напредуваат во државата.

И во наредниот период ќе продолжиме со активни младински политики со што ќе создадеме уште по поволен амбиент за младите луѓе. Ќе донесеме Закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување. Ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството. Во поранешното „Македонско село“ кое сега е сопственост на државата, ќе формираме  „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Простор  во Start-up village може да користат и старт-ап компании од регионот, учесници во регионалниот бизнис-акцелератор, како и млади луѓе од земјава, кои заминале во странство, а ќе решат да го пренесат или да започнат свој бизнис дома. Во рок од 9 месеци ќе воспоставиме мрежа на старт-ап амбасадори од луѓе кои живеат и работат во Северна Македонија со луѓе кои живеат и работат во поголеми технолошко напредни центри во Европа и светот. Наместо досегашниот концепт на „промотори“, што предвидува трошоци за сместување, работа и плата, концептот на старт-ап амбасадори предвидува значително намалени обврски за државата, со можност лицето да заработи од секое реализирано вложување во старт-ап компанија или остварен пласман на надворешниот пазар, порача Лукаревска.

Со младите Лукаревска разговараше и за нивното ангажирање и можностите за напредување во јавниот сектор. Лукаревска рече дека СДСМ ќе работи и на менување на перцепцијата за јавната администрација, нема да има вечни раководители, на младите луѓе ќе им дадеме шанса да напредуваат, администрацијата ќе им служи на граѓаните, рече Лукаревска.

Потребни се млади, квалитетни луѓе кои ќе работат тимски и со креативен дух. Сакам да го следите мојот пример, примерот на Славјанка, на Фатмир, на Велимир, се вклучивме во политика за да го менуваме светот. Затоа ја барам поддршката од вас за бројот 3, затоа што креираме сеопфатни политики за да можат младите и државата да одат напред, рече Лукареска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.