Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 изјави дека ги доставила налозите за финансиска контрола на четири фирми кои биле поврзани со случајот „Рекет“ кој го отвори одделението за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Според неа истражителите се во фирмите и се проверува дали имало затајување на данок, а според првичните наоди, финансиската истрага ќе се проширува и на други компании и лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.