Јас не сакам да верувам дека граѓаните се виновни, тоа е една одлика на политичари од минатото кога ги обвинуваа граѓаните дека грешат. Ја имаа подршката со недели, со денови со месеци, ја имаа подршката безусловно од граѓаните, безусловно, цведоци сте и вие и ние, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Клук Плус на тв 21.
Тој додаде дека иако луѓето им ги доверија сопствените животи, тие сепак ништо не направија.

Луѓето има ја дадоја подршката, им ги дадоја сопствените животи на располагање, им рекоја ве подржуваме што и да правите, ве молиме да се справите со оваа пандемија. Јас навистина се чуствувам понижено од авторитетите кои ја имаа безусловната подршка од граѓаните, а ништо не направија, вели Мицкоски и додаде:

Народот доследно ја почитување секоја мерка која што му беше зададена. Народот безрезервно ги подржуваше, рејтинзите беа по 80 проценти на определени ресурни министри. Ќе ве потсетам како одеја со високо крената глава мислејќи дека ова вечно ке трае. Но народот е мудар, овој народ е мудар и тоа се докажало низ годините. Очекува резултати, он те подржува и све што ќе побараш ќе ти даде, ама потоа доаѓа по своето ако го изневериш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.