Ова се дел од амандманите поднесени од мене и колешката Силвана Ангелевска, некои ветени од сегашната власт во 2016 година, објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска на својот фејсбук профил.

После пет години, ниту се реализирани, ниту имаат пари да ги реализираат.
Начинот на кој се однесуваат кон граѓаните е крајно потценувачки. Нивните лажни ветувања останаа во етерот.
1. Да се обезбедат средства за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија. ОДБИЕН
2. Да се обезбедат средства за рехабилитација на патен правец Прилеп-Битола. ОДБИЕН
3. Да се обезбедат средства за изработка на проектна документација за нов Клинички центар во Битола. ОДБИЕН
4. Да се обезбедат средства за набавка на ангиограф за интервентна кардиологија во болницата Битола. ОДБИЕН
5. Да се обезбедат средства за реконструкција на одделението за пнеумофтизиологија, каде би се отворил центар за болка за третирање на пациенти со малигни и други тешки заболувања во терминална фаза. ОДБИЕН
6. Да се обезбедат средства за отворање на дневен центар за деца со аутизам во Битола. ОДБИЕН
7. Да се обезбедат средства за реконструкција на детското одморалиште Пелистер, Битола. ОДБИЕН
8. Да се обезбедат средства за набавка на нов КТ апарат, анестезиолошки машини за САРИЛ, подвижен Ртг апарат, 4 амбулантни возила, централна климатизација и дневен центар за аутизам со сензорна соба во Клиничка болница Битола. ОДБИЕН

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.