Генералниот секретар на Владата на Северна Македонија ги опиша Малтешаните како „криминалци” во телефонскиот разговор што протече во јавноста и што ја потресе балканската нација, пренесува порталот „Ловин Малта“.

Разговорот помеѓу генералниот секретар Драги Рашковски и Николче Тасески, претседател на македонскиот провајдер на услуги од воздухопловна навигација М-НАВ, се одвивал на 18 октомври 2018 година, но неодамна беше обелоденет на рускиот видео стриминг сервис Рутјуб.

Се чини дека на двајцата функционери дискутираат за тендер вреден 7 милиони евра за набавка на систем за управување со воздушниот сообраќај на аеродромот во Скопје, финансиран од Европската банка за обнова, пишува порталот.

Тие може да се слушнат како планираат да го доделат тендерот на италијанската авиокомпанија „Леонардо“, врз основа на тоа што нејзината понуда ќе биде поевтина, што значи дека македонската влада би можела да го стави остатокот во својот џеб.

Во еден момент, Рашкоски вели дека Италијанците се „цигани“, исто како и Балканот, пишува порталот.

Тасески може да се слушне велејќи дека, за време на неодамнешната посета на Малта, дознал дека малтешката агенција за воздухопловна навигација (МАТС) купила систем за управување со воздушниот сообраќај од „Леонардо“, но го прогласила за “надградба” за да избегне објавување повик за јавни набавки.

При оваа забелешка, Рашковски може да се слушне како се смее и вели дека: „Малтешаните се исто така криминалци“.

Нивниот систем е многу сличен со оној што треба да го купиме, одговара Тасески. -Малтешкиот извршен директор ми рече: Ник, сетете се едно нешто … нема да земете провизија до самиот крај кога секое прашање ќе биде решено. Во моментот кога ќе потпишете, тоа е завршена работа, а Леонардо нема да се врати. Тие [Малтешаните] сега ја предупредиле италијанската амбасада за сериозни пропусти во инсталацијата на системот.

Извршниот директор не се споменува по име, но се чини дека се мисли на Кенет Чиркоп, извршен директор на малтешката агенција за воздухопловна навигацијај.

„Ловин Малта“ му го препрати протечениот разговор до Чиркоп и побара од него да одговори на овие наводи.

Во соопштението на М-Нав се вели дека Тасески навистина ја предводел македонската делегација во Малта на 10 октомври 2018 година за да разговара за системите за управување со воздушниот сообраќај со нивните колеги од Малта.

На состанокот се разговараше на различни теми во врска со АТС операции, а посебен осврт се направи на ново инсталираниот АТМ систем во МАTC кој е со најнови технолошки и оперативни карактеристики, се вели во соопштението.

Делегацијата имаше можност да сподели искуства, особено во однос на набавка и инсталација на нови АТМ системи, земајќи ја во предвид временската рамка за секоја фаза од процесот. Вака, со запознавање и разбирањена севкупниот процес на инсталирање на нов АТМ систем, делегацијата на М-НАВ подетално се запозна со престојните предизвици но и ја подигна перцептивната свест.

Веб-страницата на „Леонардо“ покажува дека компанијата потпишала договор со МАТС во март 2018 година за набавка на интегрирано решение за податочни врски за апликации за управување со воздушниот сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.