Мила Царовска го уништи образованието во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека поради Царовска образовниот систем е во тотален хаос, а најмногу поради тоа страдаат децата и наставниците.

Поголемиот број од децата немаат таблети, а голем дел немаат ниту средства за да купат. Царовска целосно потфрли. Царовска наместо да обезбеди материјали и книги за учење, им порачува на родителите дека треба да дадат по 8.000 денари за прибор и материјали за учење за своите деца.

Од неспособноста на Царовска незадоволни се родителите, наставниците, учениците. Додека родителите апелираат дека бројката на заразени деца од КОВИД-19 се зголемува, Царовска ја прикрива реалната бројка и како Филипче вели се е под контрола.

Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома.

Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство. Прашање на време е само кога наставата ќе биде невозможна затоа што системот е слаб, а протоколи нема.

Царовска и актуелната власт се неспособни да ја нормализираат ситуацијата. Време е за промени.

Царовска е прва која ќе одговара по падот на Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.