Добар дел од револтот на јавноста по изрекувањето на пресудите за „27 април“ е насочен кон пратенците кои ги отворија вратите на Собранието на 27 април 2017 година и ѝ овозможија на толпата да влезе во законодавниот дом.

Тие пратеници се спогодија со власта, нивните гласови за уставните измени беа купени, а за возврат добија слобода.

Луѓево се во затвор, ниту еден од нив не е во затвор за лоповлук, лоповите го наплатија своето предавство.
Дали некој размислува за нивните семејства?
Деца, жени, остарени родители? 
Од што живеат и како живеат семејствата на тие што не се продадоа, напиша професорот Горазд Росоклија.

Професроката Гордана Силјановска-Давкова, претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, исто така, е револтирана од односот на правдата кон осудените, но и кон оние кои ја купија својата слобода.

Осудените ќе си ја бараат правдата за себе пред домашните и меѓународните институции, но општеството останува соочено со горчливото чувство на длабока недоверба во судството и со селективна правда.

Човекот кој ја отвори вратата на Собранието, забележан и од камерите, шета како слободен човек. Во сенката се оние кои побараа амнестија, но никогаш нема да го заборават сето она на што беа изложени, пишува Силјановска-Давкова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.