Актерот, Зоран Љутков, кој е претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, за Радио „Лидер“ истакна дека е факт дека секогаш кога СДСМ е на власт става тешка рака врз културата и се труди да ја уништи.

Како што вели Љутков, тоа е така затоа што во културата е гласот и ако се види низ историјата, револуциите почнуваат од културата.

Љутков притоа посочи дека не треба да се прави забуна со т.н. шарена револуција, затоа што тоа е платеничка револуција.

Оваа политичка опција која е на власт денес не можеше да успее сама, мораше да ја обезбеди таа платеничка шарена револуција со многу пари – изјави Љутков.

Тој посочи дека СДСМ го прави уништувањето на културата со понижување на институциите и носење на нов криминален закон кој треба да ја направи нефункционална националната култура.

СДСМ ги понижува институциите со тоа што им вели дека ништо не знаат и им носи луѓе од невладиниот сектор, и затоа ни се случува пропаст во културата и образованието.  СДСМ сега носи закон за остварување на јавен интерес во културата, кој е со намера да се уништи се што е во културата. Можат да постават со тој закон каратист за директор или фискултурци, за да направат националната култура да не може веќе да функционира и да направат јавна култура.   Законот кој се нуди сега е криминален и ќе ја потоне културата – потенцираше Љутков.

Тој додаде дека проблемот не е само во културата, туку дека најголемиот проблем е во образованието, затоа што се потекнува од него.

Видете што се случи на јавната дебата за новата реформа во образованието. На една страна имате луѓе кои го бранат тој концепт 3, 4 или 5, кои не можат да се снајдат во одбраната на идејата, а од друга страна имате луѓе кои ви укажуваат дека тоа ќе биде катастрофа – дециден е Љутков

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.