СДС исплашени од вчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, исплашени дека за 6 дена ќе бидат поразени, сме сведоци на еден беден напад полн со невистини кон мене и моето семејство.

Јас сум велешанец, вработен во Скопје, а мојата сопруга е скопјанка вработена во театарот во Велес., објаснува Зоран Љутков.

Господине Гајдов сте размислувале ли да поработите нешто друго освен советник? Како човек кој 8 години како советник зема плата од градската каса треба да сте информорани добро во Велес кој каде е вработен, а децата си се грижа на родителите.

Како возрасен човек и политичар би требало да знаете, дека мешањето на децата во политичка кампања е строго забрането и за овој беден чин на ниска политичка култура ке бидат известени набљудувачките мисии на ОБСЕ и ОДИХР и дипломатските претставништва кои го мониторираат изборниот процес.

Туку вие погледнети си кај вашиот носител. Мислите дека за вашиот носител незнаат велешани колку години вршеше високи државни функции во Скопје од кои велешани не видоа никаков бенефит.

Дека цели 15 години му се чува работното место во ЈКП Дервен?

Кој цели 5 часа беше кандидат за градоначалник, па утешна награда доби да биде носител на губитничката листа?

Јас сум глумец, артист,актер, уметник, но пред се професионалец, кој работел и живеел и во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Штип и во сите театри во Македонија и во регионот, со телевизиски и филмски улоги и награди за кои ќе ви треба да си земете слободен ден од кампањата да ги доброите! Македонија е мојот дом!

Горд што сум носител на победничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за мојот град ВЕЛЕС.

А Велешани на 17ти октомври ќе ве казнат за нереализираната програма во овие 4 години и за лагите кој повторно им ги ветувате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.