Корона вирусот го смени животот. Епидемијата ја измени комуникацијата, но ги измени и економските текови.Македонската економија е во опасност, македонските компании и македонските работници се пред тежок предизвик.

Наша заедничка одговорност е да им помогнеме, да не дозволиме тие да пропаднат, да не се затворат, да не се отпуштаат работници, истакна Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

 

     Со купувањето македонски производи обезбедуваме егзистенција за сечие семејство. Со купувањето на производи од македонски компании, тие ќе обезбедат плата за работниците, работниците ќе купуваат производи од други компании и така ќе има за сите.

Со купување на македонски производи, ќе ги спасиме работните места во компаниите, ќе ја потпомогнеме економијата, ќе ја помогнеме Македонија, а таа – Таа така ќе има и за докторите, и за полицајците, за војниците, за пожарникарите. Да, ќе има и за уметниците, за културата.

Да си помогнеме самите на себе. Едноставно е, купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.