Љупчо Николовски и СДСМ се креатори на стекнувањето без основ и богатење за време на функција, тие не може само да се прикријат себе, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата на прес конференцијата на Николовски.

Законот за потекло на имот е само фарса.

Нема високо раководен функционер на СДСМ кој не го зголемил својот имот додека е на функција.

Петре Шилегов изгради зграда дивоградба и луксузна хациенда во Маврово, и тоа е имот кој не се покрива со пријавените приходи.

Луксузна хациенда на Осогово изгради Мила Царовска, а куќа со поглед на цело Скопје на Водно Венко Филипче.

Заевци велгуваат и купуваат фирми за производство на марихуана, а Шекеринска си го зголемува своето богатство со нови недвижнини.

СДСМ и нивните функционери се фатени на дело со имот кој не можат да го оправдаат, а ЈО не постапува. Законот за потекло на имот е само фарса. 5 години ништо не направија, само ги лажат граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.