УСБ-то на кое ја добив снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек, им кажав дека може да го најдат на дното на Вардар, бидејќи го фрлив, изјави денеска по распитот во МВР новинарот Љупчо Златев. Тој по налог од ОЈО денеска беше повикан да даде изјава за објавената снимка на порталот во јуни, но тој посочи дека не го открил, ниту планира да го открие изворот.

Посочив дека сум сремен ако е потребно кривично да одговарам, но изворот не го откривам. Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој е во буквална љубовна врска со власта, уште еднаш прави притисок врз слободното новинарство – наместо да се гони тепачот, се гонат оние кои објавиле за тепањето. Јас останувам да се борам за моите принципи, рече Златев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.