Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев вечерва во гостувањето на „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ изјави дека Љубомир Јовески, државниот јавен обвинител треба да замине во пензија.

Јовески има отворени услови и најдобро е да си оди во пензија. Нема лидерски капацитети, ова е работа која што бара многу енергија и многу одлучност, не одат за џабе луѓето во пензија кога ќе клапнат, рече вечерва Калајџиев.

На прашањето Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги бара материјалите од Елизабета Јосифовска, која веќе не е ни обвинител, Калајџиев изјави:

Каква функција имаат обвинителите од СЈО кога некои од нив веќе не се ни обвинители. Не ли е време Јовески да излезе и да каже што презел, а што пренел како надлежност на постојните обвинители од предметите на СЈО, рече Калајџиев.

Универзитетскиот професор, меѓу другото во своето гостување додаде од СЈО останале многу нерешени проблеми, но и останале многу нерешени проблеми и во обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.