Партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна партија побара од Државната изборна комисија да ги исклучи политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од претстојниот изборен процес, поради кршење на Изборниот законик, односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок.

Со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори, велат од ВМРО-НП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.