„Бизнис инсајдер“ направи листа од 20 земји во светот кои набрзо го намалуваат бројот на популацијата, а на неа се најде и Македонија. Листата е составена според демографските проекции на Обединетите нации, кои се базираат на проценката на смртност, бројот на родени и меѓународните миграции во периодот од 2020 до 250 година.

Според обие проценки, бројот на жителите во Македонија од 2,1 милиони ќе падне на 1,9, што е пад од 10,9 отсто.

На листата се најдоа скоро сите земји од Балканот, а на првото место е Бугарија, која според проценките ќе остане без скоро милион жители до 2050 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.