Лиле Стефанова, обвинителка од Специјалното јавно обвинителство тврди дека ништо не е вистина во снимката која ја објави италијанскиот весник „Ла верита“.

Лично ја слушав денешната објава на снимката за предметот кој и мене директно ме тангира. Апсолутно нема никаква вистина, вели за „Слободен печат“ Стефанова.

Токму името на обвинителката Стефанова се споменува во новата снимка која утринава како што од вчера најави новинарот Ларис Гајсер, ја објави во италијанскиот весник „Ла Верита“, а се однесува за снимени материјали за случајот „Рекет“.

Стефанова вечера, кога излезе првата снимка која ја објави „Ла верита“ изјави дека не само што не знаела дека постои таква снимка, туку и дека била згрозена.

Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата – изјави Стефанова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.