Водителката Лила Стојановска во моментот е на клупата за сведоци во случајот „Рекет“, против Бојан Јовановски и Катица Јанева. Покрај останатото, Стојановска пред судот потврди дека дала позајмица за 1ТВ во висина од 500.000 денари. Таа рече најпрво давала донација, а потоа и позајмица.

На прашањето дали тие пари прво ѝ ги уплатил Јовановски за потоа таа да ги уплати на сметката на телевизијата Стојановска рече дека тоа не е точно.

Никој не ми дал пари, тоа се мои пари, ги уплатив од мојата сметка во банка, објасни водителката.

Стојановска рече дека никогаш не примила пари од оваа фирма, единствено дала бидејќи сакала да помогне на телевизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.