Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, од засега непознати причини го откажа соочувањето во тв дебата со политичкиот аналитичар Александар Пандов, најавена вечерва на Канал 5.

Наместо Димова на дебата со Пандов вечерва ќе се појави аналитичарот Агим Јонуз. Тема ќе биде скопската „фризерница“ која оди под мониторинг на Финансиската полиција, а Европската комисија отвори истрага за евентуална злоупотреба на европски пари.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, деновиве е во фокусот на јавноста поради изборот кому да бидат доделени финансиските средства од Европската унија од програмата „Еразмус плус“.

Ако Лидија Димова сама не си поднесе оставката, Владата ќе ја разреши. Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски една недела по избивањето на скандалот со трошењето на европските пари, најавува дека предлог за нејзино разрешување ќе достави на следната владина седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.