Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат од ковид-19.

Во време на #Covid пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна.

Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга, додава лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

Во време на #Covid пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи,…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 30 October 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.