Бугарската влада денеска јавно призна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја говорел вистината кога објави дека од бугарска страна се бара анекс на договорот за пријателство.

Иако и македонската влада и Бугарија негираа дека постои таква идеја и Мицкоски беше обвинет дека шири лажни вести денеска од највисоки бугарски инстанци е потврдени позициите на Софија за Анекс на договорот.

Вицепремиерот Красимир Каракачанов објави дека нема друг начин Македонија да ги започне преговорите освен да потпише анекс на договорот.

Не сметам дека во моментов Бугарија располага со гаранции од македонска страна за исполнување на Договора од август 2017 г. и не мислам дека такви гаранции можат да бидат дадени од членовите на македонската влада или само со декларација од нивна страна. Единствена гаранција би можела да биде писмен анекс кон Договорот од 2017 г., согласно со бугарската Рамковна позиција и декларацијата на буггарскиот парламент од октомври 2019, напиша Каракачанов.

Со тоа паѓаат во вода сите позиции на владата во Скопје дека Бугарија не бара анекс на договорот кој беше најавен како решение на сите македонски проблеми со Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.