Вчера во Охрид  лидерот Христијан Мицкоски ги презентираше политиките „Македонија за сите луѓе“ како и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на Охрид, доктор Кирил Пецаков.

Ќе им овозможиме на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се потроши нивниот данок и ќе направиме децентрализација на институциите.

 

Втората реформа за која Мицкоски зборуваше пред присутните е нова реформа а тоа е децентрализација на институциите, односно како што потенцираше со оваа реформа министерството за култура како и сите државни културни институции ќе бидат преместени во Охрид.

Втората работа за која што сакам да зборувам е институционалната децентрализација. Тоа е  една крупна реформа со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати и тоа нема да биде преку ноќ, можеби ќе треба повеќе време, можеби ќе требаат повеќе години, но еднаш засекогаш мораме да почнеме и да го најдеме местото на секое нешто онаму каде што тежи. Охрид е како што кажав не само на Македонија, Охрид е и на целиот свет, и е културна престолнина, како што кажа Велика нашиот Ерусалим и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, а на крај и самото министерство за култура, тоа се вика институционална децентрализација, институциите таму каде што им е местото. Културата и министерството треба да бидат овде во Охрид.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.