Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски и голем број на нивни сопартијци предмалку се приклучија на протестот пред Собранието, каде граќаните демонстрираат против уставните измени.

Собраниската седница за уставните амандмани, која беше закажана за 12 часот, е пролонирана за 16 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери не ја посочи причината за одложувањето на седницата.

Граѓаните кои излегоа да протестираат најавија дека протестот пред Собранието ќе трае до полноќ.

Претходно, граѓаните го повикаа и претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.