Во моментов во тек е лидерската средба на претседателот Стево Пендаровски во вилата Водно, на која присуствуваат лидерите на поголемите политички партии: Зоран Заев од СДСМ кој е придружуван од Љупчо Николовски, Христијан Мицкоски придружуван од Игор Јанушав, Мендух Тачи од ДПА, Африм Гаши од Алтернатива, Зијадин Села од АА и Биљал Касами од Беса.

Интересен факт е што овој пат, за разлика од претходните лидерски средби кои се одржуваа во Клубот на пратеници, претседателите на партии пред да влезат на состанокот, ги оставиле телефоните и на средбата се без нив, а со тоа се остава помал простор за брифирање од „самото место“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.